Search

Сараево под снег, УХМР најавува обилни врнежи од дожд во Македонија

Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.

Во главниот град на БиХ, Сараево вечерва падна снег, а метеоролозите прогласија „жолт“ метеро аларм и предупредија на нови снежни врнежи во текот на ноќта во поголемиот дел од земјата.

Вечерва во Сараево е измерена температура од два степени Целзиусови, а за ноќва е најавено спуштање на живата во термометрите и под нулата.

Метеоролозите предвидуваат врнежи од снег и во следните денови и формирање снежна покривка од пет до 15 сантиметри во поголемиот дел од БиХ.

Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија в среда и в четврток времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд кои на места се очекува да надминат 60 л/м 2, соопшти УХМР.

Локално, особено на југ ќе има услови за појава на локален дожд и грмежи.

И в петок ќе има врнежи и грмежи но со умерен интензитет кои во текот на денот ќе престануваат.

 

Треба да знаете
Последни објави