Search

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави лансирањето на Galaxy Fold

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави лансирањето на Galaxy Fold – целосно нова категорија на мобилна технологија – достапен во Кореја од 6. септември, па потоа ќе следат државите како Франција, Германија, Сингапур, Обединетото Кралство, САД и други, во Космос црна и Вселенско сребрена боја. Со својата 5G опција, во избрани држави, корисниците ќе можат да ја отворат иднината на најбрзите мрежи кои се достапни.

Galaxy Fold беше дизајниран да инспирира нови искуства: Кога е затворен може да се пристапи до клучните работи на екранот од надворешната страна со само една рака, а додека е отворен може да се откријат нови начини за мултитаскинг, гледаат видеа, играат игри и многу повеќе, на Infinity Flex екранот од 7,3 инчи кој носи целосно внесување.

Низ минатите неколку месеци Samsung го рафинираше Galaxy Fold за да се осигури дека уредот го испорачува најдоброто можно искуство. Не само што се подобри дизајнот и градбата на Galaxy Fold, туку се оддели и време за повторно да го размисли целосното патешествие на корисникот.

„Уредот кој ја дефинира својата категорија, Galaxy Fold, им пркоси на ограничувањата на традиционалните смартфон дизајни. Сега сме возбудени што ја откриваме оваа пионерска мобилна технологија и што им овозможуваме на корисниците самите да го почувствуваат тоа,” изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на одделот за IT & Mobile Communications, Samsung Electronics. „Корисниците одговорија позитивно на поголемите екрани и револуционерната форма на Galaxy Fold нуди поголем, внесувачки екран без да ја жртвува својата преносливост. Ова е тоа што ние го викаме иновација на новото мобилно искуство во акција.”

Треба да знаете
Последни објави