November 22, 2019 04:37
Магазин

Samsung Electronics Co., Ltd. ја открива иднината со првиот мобилен уред: Galaxy Fold

Samsung Electronics Co., Ltd. ја открива иднината со првиот мобилен уред од ваков тип: Galaxy Fold. Работиме заедно со нашите партнери и заедницата на Android развивачи за да дизајнираме комплетно ново преклопувачко искуство за корисниците, со што го означуваме почетокот на новата ера во мобилната технологија.

Напорите за да се дизајнира ова софтверско искуство за Galaxy Fold започнаа во април 2018 година. Како дел од овој процес, Samsung разви потполно нов UX и беше во тесна соработка со Google за да обезбеди интегрирана поддршка за оперативниот систем од Android.

„Не само што изградивме нов хардвер кој ја дефинира самата категорија, туку работевме заедно со поголемите партнери за да дизајнираме и испорачаме едно сосема ново мобилно искуство  како и да го поттикнеме екосистемот кој на корисниците им овозможува пристап до најдобрите апликации и услуги”. – вели ЕС Чунг, EVP и Раководител на Софтвер и AI, Бизнис Мобилна Комуникација во Samsung Electronics. „Станува збор за софтверска иновација која вклучува импресивен UX и потполно нова перспектива на UI за овозможување непречено искуство”.

Од воведувањето на Infinity Flex Display во SDC 2018, Samsung и Google поставија тест–лаборатории во различни градови низ светот – од Сеул, до Mountain View, сè до Пекинг – со цел соработка и охрабрување на партнерите и развивачите за тестирање и потврда дека апликациите и услугите се оптимизирани за Galaxy Fold и екосистемот на Android. Покрај тоа, Google ги претстави промените во Android 10 кои нудат подобрена подесувачка активност на големината, развиена мулти-функционалност и ажуриран Android Емулатор кој може да поддржи префрлање на повеќе видови на дисплеи – отворајќи ја вратата за идно оптимизирање на преклопениот уред. Сега, апликациите кои Android корисниците ги познаваат и сакаат се ажурирани за испорака на извонредно искуство со Galaxy Fold и можност за преклопување.

„Заедно со партнерите на екосистемот, како што е Samsung, имаме можност да испорачаме едно потполно ново корисничко искуство кое може да го трансформира начинот на кој ги користиме нашите паметни телефонски уреди. Ни беше задоволство да бидеме во тесна соработка со тимот на Samsung и развивачката заедница на Android за да се осигураме дека корисниците на Galaxy Fold го имаат најдоброто искуство при користење на самите апликации и услуги”, рече Сагар Камдар, Директор за Управување со Производи за Android во Google.

Стотици апликации беа оптимизирани за Galaxy Fold, вклучувајќи ги услугите од водечките партнери како што се Amazon Prime Video, App in the Air, Facebook, iHeartMedia, Microsoft, Spotify, Twitter, VSCO и многу други.

Нови вести

Украдени 20 тони чоколадо „Милка“

Igor

Ќерката на Бијонсе освои награда за песната што ја напиша за својата мајка

Valentina

Режисерот нa „Џокер“ сака да сними продолжение, но под еден услов

Valentina