Search

Sвезди што несебично се борат да го подобрат животот во светот

Многу sвезди, како Леонардо ди Каприо, Мет Дејмон и Џорџ Клуни, уживаат во пари и слава, но имаат и добро срце што го користат за да променат многу животи и да бидат пример за другите, пишува Bright Side.

Леонардо ди Каприо не е само актер, туку и голем еколог и филантроп. Во 1998 година тој основа фондација посветена на обезбедување одржлива и среќна иднина за нашата планета. Под негово водство беа формирани 200 проекти, поддржани се 132 организации, а 50 земји добија помош.

Актерот потврди дека постигнал многу работи и дека среќата не е во постигнувањето голем успех, туку некако да се придонесе за целиот свет околу нас. И Леонардо ги оправдува своите зборови со своите постапки.

Мет Дејмон го сакаме поради неговата насмевка, што го рефлектира неговото добро срце. Неговата хуманитарна работа е за пофалба, а Фондацијата H2O го докажува тоа. Тој е исто така амбасадор на непрофитни организации, кои го подобруваат животот на децата во светот. Досега Дејмон им помогна на 16 милиони луѓе.
Тој вели дека хуманитарните проекти го прават среќен.

Aктивист, хуманитарец и убав човек! Неговото име е Џорџ Клуни. Со нето-вредност од 239 милиони американски долари, тој помага во борбата против глобалната сиромаштија. Тој го прави сето ова преку донации и организации што самиот ги иницира. Тој е сè повеќе познат по својата хуманитарна работа и славата ја користи за добри работи.

Треба да знаете
Последни објави