Search

Русите се обидуваат да одговорат на провокациите на Западот: Специјален авион го прелетал Арктикот и стигнал до САД

Русија, како и САД и Велика Британија, се почесто започна да изведува воени вежби во близна на арктичкиот круг, обидувајќи се да демонстрира моќ.

За прв пат после советскиот период, Русите изведоа воен тренажен лет преку Северниот пол до Северна Америка, пренесува руската новинка агенција „РИА“, од каде што се повикуваат на потврда на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во говорот пред воените команданти на руската армија, министерот Шојгу открил дека летот го извел руски специјален противподморнички авион. Тој не открил кога летот бил изведен, но неговата изјава се поклопува го големите поморски воени вежби кои што ги изведуваат армиите на Велика Британија и САД.

Тие воени вежби се одржуваат во чувствителен регион и во уште почувствително време – додека се зголемуваат тензиите на релација Запад – Русија поради труењето на поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Воените вежби под назив “Exercise 18 (ICEX)” ги предводат Соединетите Американски Држави, а ги координира Арктичката подморничка лабораторија при американската воена морнарица. Како што е соопштено, во вежбите учествуваат две американски и една британска нуклеарна подморница.

Од Велика Британија тврдат дека вежбите се прилика нивните подморници да научат и да развијат вештини на работа под арктичката ледена капа.

Русија од друга страна, држава која што спроведува обемна програма на ново вооружување, воено е многу активна на Арктикот каде што ја зајакнува својата воена присутност и способноста на своите воени сили. Се верува дека Арктикот крие големи залихи на фосилни горива, односно поголеми од вкупните резерви на Русија и Саудиска Арабија.

Треба да знаете
Последни објави