Search

Романтичниот одмор се претворил во пекол: Мислеле дека биле каснати од некој инсект но стапалата им биле се полоши и полоши

Романтичниот одмор се претворил во пекол: Мислеле дека биле каснати од некој инсект но стапалата им биле се полоши и полоши

Кејти Стивенс од Онтарио неодамна се вратила од Доминиканската Република каде била на одмор со своето момче, 25 годишниот Еди Зинтер и открила дека „собрала“ паразити на една од убавите песочни плажи во одморалиштето ИФА Влас Баваро во Пунта кани.

Додека биле на одмор, на една од убавите песочни плажи приметиле дека малку им се „изгребани стапалата“. Дури кога се вратиле дома, приметиле дека имаат оток на нозете, и дека на прстите им се прават пликови.

– Мислевме дека не има касното некој инсект, но секој ден беше се полошо, напишала Стивенс на Фејсбук.

Двајца доктори не успеале да откријат што го предизвикал отокот, но третиот веднаш препознал за што станува збор, затоа што неодамна видел сличен случај кај пар кој се вратил од Тајланд.

Стивенс и Зитнер се заразиле од ларви таканаречени рударски глисти, а девојката тврди дека ларвите најверојатно ги добиле шетајки боси по песочните плажи.

Докторот им препишал ивермектин, лек кој б требало да ги убие црвите кои се развиле во нивните тела.

Стивенс вели дека својата приказна ја споделила на Фејсбук за да ги предупреди сите оние кои патуваат во тропските подрачја, но и докторите да станат свесни за таа зараза/

– Сакаме да покажеме како тоа изгледа затоа што неколку пати моравме да одиме во болница за да откријат што ни е, изјавил Зитнер за CTV News. Додал декастапалата секој ден се подобро и подобри и дека мораат да отидат на дерматолог да им даде нешто аз оштетената кожа на стапалата.

 

Треба да знаете
Последни објави