Search

Репрезентација на Македонија отпатува за Загреб

Ракометната репрезентација на Македонија отпатува за Загреб

Ракометната репрезентација на Македонија утрово отпатува за Загреб, каде од утре почнува 13.то Европско првенство. Нашата репрезентација повеќе од 20-тина дена се подготвуваше за петтиот настап на европските првенства. 

Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на: Словенија, Црна Гора и европскиот првак Германија. Трите првопласирани селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите следната фаза што ќе се игра во Вараждин.
Селекторот Раул Гонзалез за Загреб поведе 19 играчи, а на техничкиот состанок утре ќе се мора да реши со кои играчи ќе игра против Словенија на 13.јануари – сабота.
Треба да знаете
Последни објави