Search

Речиси две милијарди жени во светот претрпеле сексуално вознемирување

Речиси две милијарди жени во светот претрпеле сексуално вознемирување

Повеќето жени во светот претрпеле сексуално вознемирување, а се проценува дека најмалку 75 отсто од светската популација на жени од 2,7 милијарди на возраст од над 18 години, односно најмалку две милијарди биле изложени на сексуално вознемирување.

Покрај тоа, податоци на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека 35 отсто жени или околу 930 милиони, искусиле физичко и/или сексуално насилство од страна на партнерите.

Се проценува дека процентот на жени кои биле жртви на сексуално вознемирување значително варира од земја до земја и се движи од 50 до дури 90 проценти.

Овие разлики во статистиката исто така произлегуваат и од различниот пристап во истражувањето како и во фактот дека различни нации имаат поинакви интерпретации на сексуално насилство и вознемирување, како и различни пракси во пријавување на такви случаи.

СЗО предупредува дека нивото на насилство кон жените претставува голем проблем на јавното здравје како и осериозно кршење на човековите права.

 

Треба да знаете
Последни објави