Search

Разбојништво во клубот „Мистик“, под закана со нож украден дневниот промет

Во ноќниот клуб „Мистик“, поранешна таверна „Деспина“, синоќа по полноќ се случило разбојништво при што биле украдени 156.000 денари, или околу 2.500 евра. Се уште не се идетификувани сторителите.

Според полицијата во угостителскиот објект на улица „Анастас Митрев“ синоќа две непознати лица им се заканиле со нож на вработените. Го нападнале 29-годишниот А.М. и уште две лица, сите вработени во клубот и под закана со нож го одзеле дневниот промет. Освен тоа со себе зеле и два мобилни телефони.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави