Search

Распишан оглас за 74 инкасанти за наплата на патарини

 

Јавното претпријатие за државни патишта распиша оглас за привремено вработување 74 инкасатори на патарини. Според огласот кој трае до 9 јануари, ќе се вработат 93 лица и, покрај инкасатори, се бараат и хигиеничар и портир, а распишани се и неколку позиции во одделението за контрола на сообраќајот за период од шест месеци.

Според огласот за работното место инкасант за наплата на патарина, кандиадитите треба да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование. Но, како што стои наведено во огласот, може да се пријават и лица што имаат завршено високо образование, без оглед на образовниот профил или струката. Лицата што сакаат да аплицираат може да бидат со или без работно искуство.

Инаку, од претпријатието за државни патишта информираат дека огласот се организира бидејќи на 53 инкасанти им истекле договорите за работа пред Нова година, а ќе има потреба и од 20-ина нови вработувања на контролниот пункт во Неготино, кој се гради на автопатот Демир Капија – Смоквица. Оттаму додадваат дека токму поради кратките рокови, односно да не се случи патарините да останат без инкасатори, вработувањето се врши по скратена постапка.

„Со редовен оглас за трајно вработување ќе се доведевме во ситуација цел месец да нема инкасанти на патарините. Бевме изненадени од состојбата бидејќи во програмата за работа на претпријатието за 2017 година не беа предвидени вработувања. Програмата не можевме да ја измeниме, па затоа в година навреме ќе ги планираме вработувањата“, информираат од јавното претпријатие за државни патишта.

 
 
Треба да знаете
Последни објави