Search

ПСЖ му нуди богатство на Миралем Пјаниќ

Како што пренесуваат денеска светските медиуми, играчот за врска на Јуве, Миралем Пјаниќ, доби понуда која не се одбива. Имено, ПСЖ му понуди на Пјаниќ речиси двојно поголема плата и петгодишен договор вреден вкупно 40 милиони евра, пишуваат италијанските медиуми.

 

Според овие информации, Пјаниќ ќе добие договор според кој ќе заработува 8 милиони нето по сезона. ПСЖ сака да го засили тимот во борбата за титулата од Лигата на шампионите следната сезона, па тоа се обидуваат да го направат преку своето главно оружје – пари.

ПСЖ на овој начин, сака да го врати Босанецот во Франција, каде тој веќе настапуваше за Мец и Лион, пред да потпише за Рома.

Со договор на пет години, Пјаниќ практично во најдобрите играчки години (28) би го оствари најголемиот договор во кариерата и би продолжил да игра во Лигата на шампионите, иако не во така голем клуб како Јуве.

Пјаниќ досега се нема изјаснето, дури и не покажуваше некој поголем интерес, бидејќи не верува дека Јувентус ќе го пушти.

Не се споменува колкава би била цената на Босанецот, но Јуве во никој случај не е заинтересиран да го продаде, освен ако тој сам не одлучи да замине, а и во тој случај „Светците“ би морале да платат околу 65 или 70 милиони евра, двојно повеќе во однос на она што беше вложено во одличниот играч од средината на теренот.

Треба да знаете
Последни објави