Search

Прволигашко дерби денес РК Бутел – РК Металург Јуниор

Прволигашко дерби денес РК Бутел – РК Металург Јуниор

В недела на пладне во салата во населба Радишани ќе се одигра дербито во Првата лига. Тимот на Бутел Скопје кој во досегашните 15 кола не загуби ниту еден бод, ќе го пречека второпласираниот состав на Металург Јуниор. Двата тима победнички го стартуваа пролетниот дел од сезоната. Најпрво обезбедија место во четвртфиналето на Купот на Македонија, а потоа остварија и две лени победи во прволигашката конкуренција.

Заедничко за Бутел и Металург Јуниор е тоа што во паузата се засилија со ракометари што играа во Борец во есенската полусезона. Бобан Андовски ја дополни бековската позиција во тимот на Котевски, додека Илија Крстевски донесе квалитет плус во тимот на Весиќ.

Првото сезонско соочување во салата „Расадник“ релативно лесно го доби Бутел Скопје во интересен натпревар со многу борба. Втората пресметка е важна и за двете екипи. Бутел Скопје со триумф би направил клучен чекор кон Суперлигата, додека Металург Јуниор со победа се одлепува од Струга во борбата за бараж и ќе може да му конкурира на Бутел за директно место во најквалитетната конкуренција.

Треба да знаете
Последни објави