Search

Прв викенд без коли на Водно

Водно се врати на рекреативците – беа дел од денешните коментари на граѓаните кои сончевото време го искористија да планинарат и уживаат во чистиот воздух на најблиската планина до главниот град, Водно.

На паркингот на Средно Водно во секој миг можеа да се забележат помеѓу 3 до 5 автобуси кои наизменично се качуваа и спуштаа кон Скопје – на паркингот кај Дом за печат (популарно позната како последна „23ка“) или кон поранешна „Аутомакедонија“. Граѓаните можеа денес помеѓу 09:00 и 15:30 часот бесплатно да се возат во една од новите 2 линии на скопски ЈСП – 25А и 25Б, или, пак, да се возат во редовната линија.

На долниот паркинг сепак забележавме и неколку коли, за кои возачите на автобусите на ЈСП ни објаснија дека најверојатно се дел од сервисните возила кои имаат право на движење кон планината или возачи кои пред 9 часот сабајлево се качиле, заобиколувајќи ја забраната за викенд движење на возила на Водно.

Треба да знаете
Последни објави