Search

Проширување на „Транспортер“ и „Тарифа“ со нови докази

Последните три истраги кои денеска ги обелодени СЈО се под имињата „Лидери“, „Тарифа 2„ и „Транспортер 2“, односно последните две се проширување на веќе постоечките за кои има и обвиненија.

„Лидери“ се однесува на телефонски разговори од тнр. бомби помеѓу лидери на две политички партии за договорање на рушење на бесправно изградени објекти. Се работи за објект изграден спроти една странска амбасада на површина од 1.000 метри квадратни во периодот од новемри 2010 до февруари 2013 година.

„Тарифа 2 на злоупотреба при јавната набавка на софтверот – ЕРП Систем за потребите на АД ЕЛЕМ. Осомничено е едно лице кое е веќе обвинето во предметот „Тарифа“, бно овој пат за штета по уште два основи: За неоснована исплата на 146.400 евра еден член од ЕСС конзорциумот од Чешка, за миграција на податоци, која до денеска не е извршена и за исплатени 72.480 евбра за поддршка за пуштање на системот ЕРП кој се уште не е пуштен. Со тоа, осомничениот нанел директна штета на буџетото од вкупно 218 .880 евра.

„Транспортер 2“ се однесува на на злоупотреба со средствата за превоз на ученици во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година.

За првиот случај од 2009 до 2010 осомничени се екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е исто така осомничен и во предметот „Транспортер“ за кој веќе има обвинение, секретарот на општината и директори на три основни училишта.  Според доказниот материјал на СЈО, тие обезбедиле противправна материјална корист од 230.000 денари.

Во 2010-2011 година истите осомничени со превозиниците како помагачи обезбедиле провиправна корист за овие превозници од 1.643. 583 денари.

Треба да знаете
Последни објави