Search

Пронајдено украденото најскапо шише вотка во светот

Пронајдено украденото најскапо шише вотка во светот

Украденото шише вотка, за кое се наведува дека е „најскапо на светот“ и кое беше украдено од ресторан во Копенхаген порано оваа недела, пронајдено е празно во едно градилиште во данската престолнина, соопшти денеска полицијата. 

„Не знам што се случило со вотката, но шишето беше празно“, изјави портпаролот Ријад Туба.

Шишето, чија вредност се проценува на 1.3 милиони долари, направено е од три килограми злато и иста количина на сребро, со приклучок во облик на руски императорски орел.

Полицијата соопшти дека шишето било неоштетено, иако случајот и понатаму се истражува.

На снимките на безбедносните камери се гледа како маскиран маж, вечерта меѓу понеделникот и вторникот од еден ресторан во Данска, го краде шишето „Русо Балтик“.

Вотката „Русо Балтик“ ја прави истоимениот произведувач на луксузни автомобили.

Сопственикот на ресторанот Брајан Ингберг вели дека шишето е и понатаму скапоцено.

Тој вели дека шишето, кое се појавува во американската серија „House of Cards“, му го позајмил руски бизнисмен.

Данската полиција наведе дека врши истрага, но не откри детали.

Треба да знаете
Последни објави