Search

Професорите Поповски и Фрчкоски едногласни: Иванов го крши Уставот, мора да го потпише указот

Професорите Поповски и Фрчкоски едногласни: Иванов го крши Уставот, мора да го потпише указот

Доколку опозицијата е рационален актер и сакала да го промени на подобро законот за употреба на јазици, требало амандманите да ги поднесе во второ читање во законодавниот дом, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски.

Во една таква ситуација, според него, никој не може да ги скокне амандманите и за нив мора да се расправа. Сепак, Фрчкоски гледа вина и во постапките на претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Каде греши на претседателот на Собранието. Има едно писмо што им го праќа да даваат амандмани и тие после како деца сите амандмани ги ставаат во трето читање, и пота им вели, еј пук згрешив и вели не е така. Но, неговото финално објаснување, кое веројатно го слушнал од нас, бидејќи имаше таква расправа е точно. И по правилникот, во второто читање немало амандмани кои ги измениле членовите, и по него нема амандмани, значи и по двете. По Уставот директно, или по правилникот, амандмани во трето читање не можат да бидат расправани“, порача Фрчковски.

Според професорот Владо Поповски, доколку законот поминал во трето читање на пленарна седница и доколку тој бил изгласан со најмалку 61 глас, тогаш претседателот на државата е должен да го потпише указот.

„Уставниот суд е тој што конечно ќе реагира. Што значи, не може животот да заврши со инаетењето на претседателот на Република Македонија. Тој е одговорен и во случајот апсолутно го крши уставот“, додаде Поповски.

Двајцата професори велат дека во една ваква ситуација во која законот поминал во трето читање претседателот на државата не може да се става над законодавниот дом. Воедно велат дека за уставноста на донесениот закон треба да расправа Уставниот суд, кој секако може, доколку оцени, да прогласи за неуставни некои членови на законот.

Треба да знаете
Последни објави