Search

Приведен напаѓачот на пратеникот Милески

Приведен напаѓачот на пратеникот Милески

Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милески, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Oливер Спасовски.

Спасовски во интервју за Канал 5 вели дека станува збор за лицето П.В од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата, тврди дека МВР презело многу сериозни мерки за расчистување на нападот врз Милески, по што е препознаен неговиот идентитет.

Тој изрази благодарност до сите граѓани кои доставиле информации и податоци за лицето на фотографијата, која беше објавена во јавноста, и кое се поврзуваше со нападот на Милески.

Според него, МВР очекува од Јавното обвинителство да ги даде насоките за целосно расчистување на овој настан и за откривање на мотивите

Треба да знаете
Последни објави