Search

Пријави за инспекторка во општина Куманово и за кумановски инвеститор и изведувач

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Р.Ш.(46), Р.Џ.(47), двајцата од Куманово, како и против правното лице ДТГУТ „МАСТЕР” ДООЕЛ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење.

Кривична пријава е поднесена и против В.Л.(63) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Првопријавениот, како инвеститор на градба и второпријавениот, како Управител на пријавениот правен субјект, како изведувачи на градба, во текот на 2016 и 2017 година, во Куманово на улица „11-ти Октомври“, изградиле стамбен објект од втора категорија, без Одобрение за градење до Сектор за урбанизам при Општина Куманово.

Четвртопријавената, како Раководител на Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово и покрај тоа што знаела и била  должна да изврши надзор над изведувањето на градежни работи на предметната градба и да задолжи овластен градежен инспектор да изврши увид на лице место, пропуштила должен надзор и не превзела никакви мерки за да се спречи бесправната градба, односно не покренала никаква постапка против инвеститорот и изведувачот на градбата, информираа од МВР.

Треба да знаете
Последни објави