Search

Пресврт во истрагата за смртта на српската манекенка: Детективите откриле дека Ивана не се убила, уште не се пронајдени нејзините чевли и долна облека

Младата манекенка, 18-годишната Ивана Смит, била пронајдена мртва на 7. декември во Куала Лумпур во Малезија. Таа паднала од 20. кат по свингерска забава на еден американски пар.

Полицијата рекла дека причината за несреќата најверојатно е дрога, но и алкохол. 

Меѓутоа, британскиот приватен детектив Марк Вилијам Томас вели дека неговата истрага покажува дека нејзината смрт може да се третира како убиство.

Најновата фотографија која се појавила покажува дека Ивана таа кобна вечер од клубот била изнесена од мажот, од чија тераса паднала.

Холандскиот патолог Франк ван де Гот, кој ја направил втората обдукција, вели дека недостигот на крв на местото каде е пронајдена Ивана, укажува на тоа дека девојката веќе била мртва кога паднала, односно дека сигурно била фрлена од терасата.

Ивана имала модринки на рацете кои не биле предизвикани од падот, што укажува на тоа дека пред нејзината смрт дошло до борба, рекол Гот за холандски “Telegraph”.

Прикривањето на вистината во овој случај доведува до зголемен меѓународен притисок за локалните власти. Вилијам Томас вели дека има директни докази за тоа дека полицијата штити криминална група, и истакнува дека во овој случај уште многу работи ќе испливаат на виделина.

Камерите од ноќниот клуб во Куала Лумпур покажуваат дека американскиот државјанин, 45-годишниот Александер Амадо Џонсон, ја изнел Ивана на раце. Џонсон е основач на “Еверус Ворлд”, компанија за криптовалути со седиште во Куала Лумпур.

Во околу 7:30 часот Ивана на својата пријателка и пратила селфи со сопругата на Џонсон, индонезиски модел со име Луна, за која се верува дека има околу 30 години. Полицијата верува дека два часа подоцна Ивана паднала на тераса на шестиот кат на споменатата зграда.

Нејзиното тело било голо, а пронајдена била во околу 15 часот истиот ден. Полицијата уште не ги пронашла чевлите на Ивана и долната облека. Со анализа било утврдено дека во крвта имала алкохол и екстази. Втората аутопсија покажала дека во организмот имала и кокаин.

Кога таткото на Ивана го видел нејзиното голо тело во мртовечницата, рекол дека имала модринки на вратот. Тој стравува дека овој случај ќе биде затскриен и не верува дека Ивана паднала сама, односно дека извршила самоубиство. Кога локалната полиција рекла дека нема елементи на кривично дело, нејзиното семејство ангажирало приватен детектив.

Треба да знаете
Последни објави