Search

Пред судот собрани стотина граѓани

Во 13.30 часот пред Кривичниот суд е закажан протест на ВМРО-ДПМНЕ по апсењата на пратениците од оваа партија, поранешни функционери и граѓани кои за насилните протести на 27. април се осомничени за кривичното дело тероризам.

Во исто време во седиштето на партијата прес конференција ќе одржи лидерот на партијата, Никола Груевски. 

Пред судот во моментов се 30-тина граѓани кои се одѕваа на повикот на Груевски да излезат на протест против апсењата на осомничените. Меѓу нив е и сопругата на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска, иако засега од судот нема информација дека е и тој меѓу приведените. Тарчуловски е еден од пратениците кои се видоа на снимките од безбедносните камери во Собранието, кои ја насочуваа толпата кон салата каде што беше лидерот на СДСМ Зоран Заев

Од она што можеа да го забележат новинарите во Судот во моментов се поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, и пратеникот Крсто Мукоски. Јавното обвинителство отвори постапка против 36 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.sud-1-777x437.jpg

Треба да знаете
Последни објави