Search

Пратениците ја изгласаа потребата од носење закон за јазици, Димовски побара листинг од гласањето

Со 66 гласа „за“ пратениците ја изгласаа потребата од носење на Законот за употреба на јазиците со што предлог законот оди на понатамошно читање. Против гласаа 41 пратеник.

Веднаш потоа координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара листинг од гласањето и пауза од половина час. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја одобри паузата со што седницата ќе продолжи во 13 часот.

Предлог Законот за употреба на јазиците сега треба да се најде на расправа во матичните собраниски комисии. Откако ќе помине во комисиите ќе се најде повторно на пленарна седница каде пратениците треба да се произнесат за негово донесување.

Треба да знаете
Последни објави