Search

Потресна исповед на Луна Џогани: „Преживеав пекол поради дрогата“

Луна Џогани проговори за траумата која ја носи уште од детството поради тоа што нејзиниот татко гаги се лечеше од дрога.

Вчеравечер во „Задруга“ беше покрената приказната дека Луна зема наркотици, а тоа ја натера да ја отвори душата и да ја каже вистината околу тоа.

-Се зборуваше дека се дрогирам бидејќи сум била во такво друштво. Мојот татко е излечен наркоман и цел живот имав траума од тоа. Кога слушам за дрога, мене не ми е добро. Мојата мајка знае дека јас не би направила такво нешто. Ми кажа дека се може да ми прости, само тоа не. Слушнав и дека сум проститутка и спонзоруша и дека се дрогирам, но веќе не можам да реагирам на било што. Таа приказна е ужасна и морбидна. Ако некој има аверзија кон тоа, тоа сум јас, јас проживеав пекол поради таа дрога, искрено вели Луна.

Треба да знаете
Последни објави