Search

Последни подготовки пред средбата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ е во финална фаза за една од најголемите внатрешни реорганизации.

По понудената оставка на Никола Груевски, најголемата опозициска партија викендов ќе го помине работно. Потесното партиско раковдство ќе треба да ги подготви сите доукменти поврзани околу оставката и изборот на нов партиски лидер. Додека трааат подготовките пак, се поголем е бројот на кандидати кои се споменуваат да го наследат Груевски.

„Вечерва, тука во палатата Христо Татарчев, Извршниот комитет на партијата ќе ги донесе последните одлуки околу организацијата на утрешниот Централен комитет, но и за вонредниот изборен партсики конгрес планиран за 23 декември. Членовите на извршниот комитет ќе треба да одлучат дали највисокото партиско заседание во Валандово ќе трае еден или два дена, како и кои ќе бидат работните тела тогаш“

Утре доцна попладне, поширокото партиско раководство, како што ни потврдија од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го утврди точниот дневен ред за Валандово. Според партискиот статут, Одлуката за вонредниот конгрес треба да ја потврдат 2/3 од членовите на Централниот комитет односно околу 100-тина членови.

На вонредниот конгрес, пак, учествуваат делегатите од последниот редовен конгрес од 2015 година од Куманово кога беа одредени 560 делегати. Во нивни раце ќе биде изборот и на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Само еден досега официјално најави дека ќе се кандидира – Филип Петровски. Во игра е генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски, но и членовите на Извршниот комитет, Антонио Милошоски, Никола Попоски и Илија Димовски. Ниту еден од нив не сака официјално да потврди дека влегува во претседателската трка. Надвор од раководните структури на партијата во игра неофицијално влегува и политичкиот аналитичар Александар Пандов.

За прв пат во историјата на ВМРО-ДПМНЕ бројот на имињата кои се споменуваат за нов лидер е толку голем. Колку од нив вистински ќе влезат во битката за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае од понеделник, кога всушснот стартува партиската трка. Таа ќе трае до самиот конгрес во Валандово. За кандидат за претседател може да се кандидира секој кој ќе добие поддршка од 30 делегати. Изборот ќе се прави со тајно гласање.

Треба да знаете
Последни објави