Search

Полицијата открила 13 мигранти

Министерството за внатрешни работи информираше дека откриле 13 мигранти кај Струмица.

Полицајци од полициската станица за гранично преминување и граничен надзор „Богородица“ и полицајци од Хрватска на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на бензиска пумпа забележале две сонмителни возила.

Патролата им дала знак на возилата за да застанот, но тие со зголемена брзина се упатила по патот за Струмица, а на крстосницата кај село Раборци го промениле правецот и се упатиле накај село Попчево.

Возачот од едното возило, додека тоа било во движење излегол од него и се качил во другото, по што со голема брзина се упатила накај селото Водоча.

При претресот во возилото биле пронајдени 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредна близина. Сите биле однесени во полициска станица за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави