Search

По семејната трагедија во Кочани, ќерката ќе остане во болница под надзор на психијатар

По семејната трагедија во Кочани, ќерката ќе остане во болница под надзор на психијатар

Дваесет и двегодишната девојка од Кочани, која беше сведок на трагедијата во која во која беше убиена нејзината мајка ќе биде задржана во кочанската болница под надзор на психијатар, со оглед на стресот и траумата која ја има доживеано, потврди во изјава за „Фокус“, доктор Борка Панова, директорка на болницата.

„После страшната семејна трагедија што се случи девојката е кај нас во болницата и е во стабилна состојба. Има некои расекотини по телото. Сепак, после се што и се случи, таа е под стрес и мора да остане тука и одредено време да биде под надзор на психијатар. Таква семејна трагедија во 21 век е страшно и жално – истакна доктор Панова.

Од МВР и од обвинителството утринава информираа дека во 3.30 часот по полноќ се случила голема семејна трагедија, кога кочанец најпрвин ја убил својата сопруга, а потоа се самоубил. Она што семејната трагедија ја прави уште по траорна е што крвавиот чин се случил пред очите на двете нивни деца.

-Утринава во 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.А. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.А. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 22- годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција, велат од обвинителството.

Во моментот кога стигнале полицајците, мажот веќе бил качен на покривот и скокнал.

-Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите, информираат од обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави