Search

По Еленовски, и Глигор Ташковиќ во Владата на Заев

По Еленовски, и Глигор Ташковиќ во Владата на Заев

Поранешниот министер за странски инвестиции Глигор Ташковиќ се врати во владата, но овојпат кај Зоран Заев. Ташковиќ во 2006 година стана дел од владата на Никола Груевски, а пред два месеци е избран за член на Комитетот за одобрување на инвестиции во Фондот за иновации и технолошки развој. Ќе има мандат од две години.

Конкурсот за избор на членови бил објавен во октомври минатата година во весникот Економист. За позицијата на која е избран Ташковиќ конкурирале 55 други лица – но изборот паднал на поранешниот министер од владата на Груевски и уште четири други лица. Покрај Ташковиќ избрани се и Кларис Молад, Дон Левис, Никос Георгулас и Авинаш Сахи.

Кои биле останатите педесетина членови кои конкурирале на огласот, но од Фондот за иновации и технолошки развој, посочија дека во текот на денешниот ден не се во можност да ги достават поради обемниот материл, а истите ќе бидат доставени следната недела.

„Изборот на петте меѓународни експерти, членови на Комитетот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Македонија на сајтот на „The Economist“ од 19 октомври 2017 година во времетраење од 15 дена. Согласно законот за иновациска дејност.“

Во огласот се барале заинтерсираните да исполнуваат повеќе критрриуми и тоа минимум 10 годишно меѓународно искуство во областа на инвестициите, универзитетска диплома а предност имаат кандидати со магистратура и докторат, одлично познавање на англискиот јазик а знаење на македонски е предност, флексибилност за бизнис патувања и да не подлежат на мерки за забрана за вршење функција.

Овој комитет на Фондот за иновации и технолоши развој, е собено атрактивен откако Владата најави дека преку овој Фонд ќе оди одобрувањето на пари за проекти за мали и средни бизниси за кои е одвоена сума поголема од 10 милиони евра.

Изборот на Ташковиќ, но и изборот на Лазе Еленовски, двајацат високи функионери од владата на Никола Груевски – наидоа на остри критки во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави