Search

Писмата на Праљак се „штури, јасни и без патетика“

  Истражителите на Обединети нации неодамна доставија две писма од Слободан Праљак, кој се самоуби во судница на Хашкиот трибунал.

Тој напишал две писма на 27 ноември, две дена пред објавувањето на правосилната пресуда во предметот против Праљак и другите пред Трибуналот.

Според хрватската „Нова ТВ“ писмата се „штури, јасни и без патетика“.

Во првото писмо Праљак напишал дека „одлуката за прекин на животот во случај да биде прогласен за виновен ја донел одамна – смирено, промислено и самосвесно.

Во второт писмо тој се обраќа до сопругата.

– Каќа, мислам дека писмото до „семејството“ ќе мора да го објавиш, за да се спречат бескрајните шпекулации и лаги, напишал генерал Праљак.

Праљак испи отров во хашката судница на 29 ноември минатата година откако Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија ја потврди казната од 20 години затвор поради воени злосторства.

Поради неговото самоубиство во живо покрената е истрага во Трибуналот. која треба да одговори на прашањето како Праљак го внел отровот во судница. Но, по завршување на истрагата утврдено е дека „немало пропусти“ од страна на судските стражари и оти не е прекршена процедурата на проверка при влезот на генералот во судница. Што значи дека се уште не е познато како Праљак го внел отровот во судница.

Треба да знаете
Последни објави