Search

Philip Morris доби забрана за продажба на IQOS уредите на пазарот во Америка

Американската меѓународна трговска комисија во средата одлучи компаниите Филип Морис и Алтриа да престанат со продажба и увоз на познатите Iqos уреди на американскиот пазар. Забраната за увоз и продажба ќе стапи на сила два месеци по административниот преглед, за што е потребен потпис од претседателот Бајден.

Оваа одлука е резултат на патентната постапка поднесена од ривалот на пазарот, односно од компанија која е ќерка на Бритиш Американ Тобако. Трговските агенции открија дека алтернативите за тутун прекршуваат два патенти на Бритиш Американ Тобако.

Филип Морис најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на американската трговската агенција, а портпаролот на Алтрија изјави дека двете компании подготвуваат план за одговор.

Алтриа по овластување од Филип Морис го лансираше уредот Iqos во САД пред две години, а развојот на прозиводот започна пред десетина година. Овој уред го загрева тутунот без да го запали и има цел да му даде на корисникот ист наплив на никотин без да користи токсини.

Треба да знаете
Последни објави