Search

Пеколниот план на Гвардиола – ќе продаде суперѕвезда, за три нови ѕвезди!

Шпанскиот тренер на неприкосновениот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, под чија палка „граѓаните“ неприкосновено газат во Премиерлигата подготвил пеколен план за засилување на својот тим во следните два преодни рока, овој зимскиот и на лето идната година.

Како што најавуваат медиумите, Гвардиола е подготвен да се откаже од една своја суперѕвезда, за да донесе три други ѕвезди на „Итихатд“. Станува збор за најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, за кого Гвардиола е подготвен да го продаде на кој било клуб кој ќе понуди 70 милиони евра, а за Аргентинецот веќе со години се најавува дека Реал Мадрид е најзаинтересиран.

На местото на Агуеро, во Сити би требало експресно да се пополни со друг јужноамериканец, Алексис Санчез, кој сигурно заминува од Арсенал, па само прашање е дали ќе дојде за 30-на милиони евра зимава, или за ич пари на лето. За беспари, Гвардиола би требало да го земе и Емре Чан од Ливерпул, инаку германски репрезентативец.

Последен во низата е холандскиот дефанзивец Вирџил Ван Дијк, за кого Јирген Клоп од Ливерпул е сериозно загреан, но Саутемптон не сака да го продаде. Поради повредата на Стоунс, Гвардиола финансиски помоќен со арапските пари, секако ќе биде во предност за да ги победи „црвените“ во битката за централниот дефанзивец.

Треба да знаете
Последни објави