Вчера во Прилеп, возач на автомобил удрил во велосипедист и тешко го повредил, но веднаш избегал од местото на настанот.
На 07.06.2025 во ОБВР Прилеп било пријавено дека околу 18.00 часот на крстосицата од ул.„Александар Македонски” и ул.„Борка Талевски” во Прилеп, патничко возило удрило во велосипед управуван од Е.П.(42) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, велосипедистот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе успешно опериран по атентатот врз него
08/06/2025 12:39
Се рушат рекорди: Двајца гостиваци и тетовчанец се “натпреварувале” кој повеќе ќе испие и вози
08/06/2025 12:26
Аврамовски: Наместо пари за питијади и ајваријади, општините да инвестираат во повеќе јавни паркинзи, зеленило и подобри услови во градинките и училиштата
08/06/2025 11:53