Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“.
Полицијата спровела координирани акции во окрузите Мугла, Измир, Анталија и Истанбул.
Истрагата започнала по сигнал од трговска банка, која забележала сомнителни трансакции на сметки на странски клиенти.Нерегуларните трансакции биле проследени до ПОС терминали во два хотела во Кушадаси.
Главниот осомничен, сопственик на хотел, наводно собирал податоци од кредитните картички на туристи преку резервации, а потоа ги споделувал со поврзани бизниси, вклучително други хотели и компании за изнајмување автомобили.
По враќањето на туристите во нивните земји, од нивните картички биле повлекувани суми за услуги што не биле користени. Вкупната сума на измамата достигнува 1,15 милијарди турски лири (29,27 милиони долари).
Се тврди дека некои членови на криминалната група патувале во странство за да добијат дополнителни податоци за кредитни картички, кои потоа биле користени во шемата. Нелегалната добивка потоа била перена преку легитимни компании користени како параван компании. За да избегнат откривање, парите биле префрлани во мали износи преку техника позната како „штрумфирање“, а дел од средствата биле инвестирани во недвижнини.
Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека се приведени 20 осомничени, вклучително и водачот на групата, сопственик на хотел. Најмалку 268 странски туристи се жртви на измамата.
Турските власти разоткрија голема измама со кредитни картички на туристи во Кушадаси
08/06/2025 16:00
МВР со демант до СДСМ по тврдењата за набавка на сомнителен софтвер за прислушкување
08/06/2025 15:49
Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред пратениците, Владата од него очекува макотрпна работа и посветеност
08/06/2025 15:36
Приведен норвежанец на скопскиот аеродром, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал
08/06/2025 15:29
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки: МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување
08/06/2025 15:11
Наместо да фабрикуваат списоци, СДС да каже како 9 милиони евра од набавка на јаглен завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче
08/06/2025 15:04