Search

Османи го откажал учеството на конференција во БиХ затоа што Косово не било покането

Османи го откажал учеството на конференција во БиХ затоа што Косово не било покането

Албанија и Македонија го откажаа учеството на конференцијата за Западен Балкан во Босна и Херцеговина затоа што Косово не било покането, објави приштинскиот портал Коха.нет.

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, ја одбил поканата за конференцијата организирана од министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина што се одржува денеска. Портпаролот на албанското МНР рекол дека Бушати нема да учествува на конференцијата затоа што Косово не било покането и затоа што сметал дека на настанот нема да има корисна и значајна дискусија без присуство на сите држави од Западен Балкан.

Исто така, објави Коха.нет, и македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бујар Османи го откажал учеството на денешната конференција.

Османи прво го потврдил присуството, но кога дознал дека Косово не е покането го откажал учеството. Тој ги известил организаторите дека нема да присуствува со оглед на тоа што една од шесте држави од Западен Балкан нема да учествува во дискусијата.

Треба да знаете
Последни објави