Search

Општина Карпош продава дел од возниот парк

Општина Карпош продава дел од возниот парк

Четири патнички и едно товарно возило, кои се дел од возниот парк на Општина Карпош, ќе бидат дадени на продажба.

„Станува збор за патничкото моторното возило ‘ауди кју 7’, потоа возилото ‘санг јонг’, патничкото возило ‘форд фиеста’ и автомобилот ‘застава југо’, како и товарното возило ‘волво’. За ова одлучија советниците на Општина Карпош на денешната седма седница на Советот“, велат од Општината.

Средствата што ќе бидат собрани од продажбата ќе бидат наменети за купување возило за товар на лисја и смет, со цел да се придонесе кон поголема ефективност во одржување на чистотата и хигиената во општината.

 

Треба да знаете
Последни објави