Search

Општина Центар ги отстранува непрописно паркираните возила во Дебар Маало и Градски Парк

Општина Центар ги отстранува непрописно паркираните возила во Дебар Маало и Градски Парк

И овој викенд продолжува расчистувањето на хаосот и проблемот со неправилото паркирање во Дебар Маало и Градски Парк, соопшти Општина Центар.

Акцијата за отстранување на сите непрописно паркирани возила во Дебар Маало и Градски парк, денеска се спроведува од ЈП ПОЦ, ЈП „Градски паркинг“, СВР Скопје и комуналните инспектори на општина Центар.

Акцијата, која ќе продолжи редовно е поради сообраќајниот метеж и паркираните возила по улиците и тротоарите кои го оневозможуваа нормалното движење на пешаците и безбедно возење, информираат од Центар.

Општина Центар апелира граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.
Треба да знаете
Последни објави