Search

Општина Аеродром: Поддршка за децата со аутизам од социјално загрозени семејства

Општина Аеродром: Поддршка за децата со аутизам од социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и амбасадорот на Република Бугарија, Иван Петков, го одбележаа почетокот на проектот за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушување од социјално загрозени семејства, кој ќе се реализира во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“.

„Општина Аеродром со задоволство го поддржува овој проект, кој им овозможува на децата од социјално загрозени семејства бесплатно да го посетуваат центарот за сензорна терапија. Откако здружението ‘Во мојот свет’ ја посочи потребата од дополнителен кадар, Општината реши да издвои 300.000 денари од сопствениот буџет наменети за стручни лица кои ќе работат во втора смена со децата на возраст од 2 до 9 години“, рече Марин.

Треба да знаете
Последни објави