Search

Општина Аеродром ќе ги чисти депониите

Набргу Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија ќе организира голема акција за чистење на дивите депонии на целата нејзина територија.

Ова го соопшти градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на денешниот состанок со надлежните служби од Секторот за комунални работи.

Притоа беше договорено во наредните денови да се направи микроплан со локации што ќе бидат опфатени во акцијата, како и неопходната механизација што ќе биде потребна јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ да ги стават на располагање.

Во акцијата ќе бидат вклучени од 1.000 до 1.500 лица, а добредојдени ќе бидат и волонтери со висока еколошка свест.

„Оваа голема екоакција претставува симболичен почеток на реализација на стратегијата на Општина Аеродром како локална самоуправа за целосно чистење на дивите депонии на нејзината територија. Исто така, за почист Аеродром и континуирано одржување и заштита на јавните површини во иднина ќе се применуваат строги казни за загадувачите на животната средина“, велат од Општината.

Треба да знаете
Последни објави