December 1, 2021 14:17
Македонија

OKTA со поддршка на лицата со оштетен вид за нивно полесно учество во сообраќајот

По повод Светскиот ден на белиот стап, ОКТА и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдува начинот на кој компанијата ќе обезбеди поддршказа лицата со оштетен вид, со цел да овозможи нивно полесно учество во сообраќајот.За оваа намена, OKTA ќе донира на Градот Скопје, 50 уреди за звучна сигнализација на пешачки премини. Со помош на ЈП „Улици и Патишта“, уредитеќе бидат инсталирани на булевари и улици кои претставуваат критични точки во сообраќајот за лицата со оштетен вид. Станува збор за современа и модерна звучна сигнализација, чија јачина на звук во децибели автоматски се регулира во зависност од нивото на надворешна бучава.

Грижата за поголема безбедност во сообраќајот претставува долгорочна определба на ОКТА. Оваа заложба компанијата во континуитет ја спроведува, како дел одсвојата општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, која има за цел поттикнување на повисока општествена свест за лична и колективна безбедност во сообраќајот.Досега,преку бројни активности,се обидовме да придонесемеконунапредување на сообраќајната култура и безбедност на различните учесници во сообраќајот. Овој пат одиме чекор понапред со поддршка на нашите сограѓани со оштетен вид,со цел да гоолесниме нивното учество во сообраќајот и секојдневното функционирање. Се надеваме дека со оваа активностќејазголемимесвеста инаостанатитеучесници во сообраќајот,за лицата со попреченост, како една од најранливите категории на пешаци“ – истакна Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Овој меморандум за соработка претставува дел од долгорочната Програма „ЈАС ВНИМАВАМ“ која ОКТА ја спроведува со цел да се подигне свеста за безбедноста во сообраќајотна национално ниво.

Основна мисија на Сојузот е создавање подобри услови за живот и работа на слепите лица ина нивните здруженија, како и нивна подобра социјализација и интеграција во заедницата. Особено сме среќни што ОКТА ја препозна важноста на нашата мисија и со оваа донација ќе даде свој придонес кон нејзиното остварување. Локации за поставување на уредите за звучна сигнализација ќе бидат утврдени во соработка со Град Скопје, а како приоритет ќе бидат земени потребите и барањата на нашите штитеници, со целда се придонесе за нивно  полесно учество во сообраќајот. Во оваа прилика би сакал да упатам апел и до останатите претставници на бизнис секторот да го следат примерот на ОКТА за поддршка на лицата со хендикеп и нивна полесна и поголема инклузија во заедницата“, изјави Жарко Селковски,претседател на Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија.

Националната програмата „ЈАС ВНИМАВАМ“ за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот ОКТА ја спроведува од 2017 година, во партнерство со Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Досега се реализирани бројни едукативни кампањи и активности, како и повеќе различни донации,меѓу кои имеханизми за регулација на пешачки премини за Градот Скопје, едукативни сообраќајни полигони во основните училишта ширум земјата, претстави за безбедноста во сообраќајот за деца и боенки со информативна содржина за сообраќајните правила. Програмата „ЈАС ВНИМАВАМ“ е добитник и на наградата за најдобра национална општествено одговорна практикаод Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.