Search

Одлични вести за Јувентус: Ќе биде подготвен џокерот на Алегри

Фудбалерите на Јувентус вечерва го пречекуваат европскиот шампион Реал Мадрид во рамките на првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Тренерот на „Бјанконерите“ потврди дека за вечерашниот дуел ќе биде подготвен „џокерот од клупата“, односно хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

„И Марио Манџукиќ и Алекс Сандро се во одлична состојба. Ќе видиме кој ќе игра. Мислам дека Манџукиќ може да биде одлична измена. Тој за нас е многу важен поради цврстиот и пожртвуван стил на игра и би можел да биде важна опција за нашата екипа. Исто така, се врати и Квадрадо“, поврд Масимилијано Алегри.

Треба да знаете
Последни објави