Search

Од магацин украл комбе, го наполнил со акумулатори и избегал

Непознат сторител украл товарно возило „пежо експерт“ со скопски регистарски ознаки од магацин на фирма на булеварот „Борис Трајковски“.

Крадецот со погоден алат и физичка сила го скршил катанецот и влегол во магацинскиот простор. Освен тоа украл и 1.200 килограми стари отпадни акумулатори, кои ги натоварил во возилото, и избегал.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и на возилото и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави