Search

Мајк Тајсон отвoра плантажа за одгледување на марихуана

Мајк Тајсон отвoра плантажа за одгледување на марихуана

Еден од најдобрите боксери во историјата на овој спорт Мајк Тајсон, сака да го искористи неодамнешното легализирање на продажбата на марихуана во рекреативни цели во Калифорнија.

Популарниот Тајсон планира, заедно со други бизнис партнери, да отвори плантажа од осум хектари.

Неговиот проект опфаќа и школа за фармери во која ќе се учи како се одгледува канабисот и ќе ги истражуваат медицинските ефекти на марихуаната.

Овој простор ќе вклучува и сопствен амфитеатар и луксузен камп.

51-Годишниот Тајсон плантажата ќе ја отвори недалеку од националниот парк Death Valley, заедно со двајца бизнис партнери.

Калифорнија стана седмата сојузна американска држава, во која со закон на лицата постари од 21 година им е дозволено користење на марихуана во рекреативни цели.

Ова подразбира легално поседување, транспортирање, набавка, потрошувачка и дистрибуција до 28.5 грама марихуана, односно осум грама концентрирана марихуана.

Продажбата на марихуана во медицински цели таму е легализирана уште од 1996 година, а овој пазар благодарение на новите закони, речиси сигурно ќе забележи пораст.

Треба да знаете
Последни објави