Search

Oтстранета старата автобуска постојка од кај „Мал одмор“

Eкипи на ЈСП Скопје ја отстранија старата урбана опрема, автобуска постојка т.н. печурка од стојалиштето „Мал одмор“ во Карпош према центар.

По целосно расчистување на теренот, од ЈП „Улици и патишта“ и ЈП „Паркови и зеленило“ треба инфраструктурно и хортикулутурно да го уредат просторот, по што, на расчистената локација ќе се постави автобуска постојка, урбана опрема од новиот тип.
Денешното отстранување на старата автобуска постојка е почеток на активностите на ЈСП Скопје за уредување на неколкуте автобуски постојки во тој реон со автобуски постојки од новиот тип, кои во изминативе години не биле модернизирани и покрај акцијата за поставуавње нова урбана опрема.

Генерално, сите постојки во реонот кои се од застарениот тип, останале такви поради неможноста за нивно модернизирање заради околните времени објекти, за кои Општина Карпош и сопствениците привршуваат со регулирање на имотно-правните односи.

Во оној момент, кога ќе се создадат инфраструктурни услови, ЈСП Скопје ќе постави автобуски постојки, урбана опрема од новиот тип на сите постојки каде е неопходно.
Со реализација на планираното, автобуските постојки конечно ќе добијат достоен лик и инфраструктура, корисниците на јавниот превоз соодветно место за чекање на автобусите, а ЈСП Скопје ќе го реши долгогодишниот проблем за кој реагираа корисниците на јавниот превоз.

Треба да знаете
Последни објави