Search

Oпштата вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана помеѓу април и јуни

Oпштата јавна кампања за вакцинација против Ковид-19 во Франција е планирана во периодот од април до јуни, најави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Макрон истакна дека вакцините на почетокот од 2021 година првенствено ќе бидат резервирани за најранливите групи, додека во периодот од април до јуни со вакцинацијата ќе бидат опфатени поголем број луѓе “, објасни тој.

Од своја страна, премиерот Жан Кастекс најави пред Националното собрание дека старите лица кои живеат во домови за стари лица ќе бидат вакцинирани како приоритетни против Ковид-19, во согласност со препораките на Високиот орган за здравство издадени во понеделникот. Една „категорија” на персонал што работи во домовите за стари лица, исто така, ќе биде дел од овој прв бран на вакцинација, истакна премиерот.

Треба да знаете
Последни објави