Search

Oпозицијата поднесе Предлог- закон за дополнување на законот за заштита од заразни болести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со Алијанска и Алтернатива и Левица, поднесе Предлог- закон за дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

-Со Законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија, и ќе треба да допринесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19 која што секојдневно се влошува.

Составот на Комисијата на предлог на Владата го избира Собранието и истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови ќе би биле, тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Законот предвидува донесените препораки од страна на Комисијата да бидат јавни и да се доставуваат до Владата која што ќе има обврска задолжително да постапува по истите.

Целта на овој закон е да се формира Комисија која што ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и кои што со своето објективно работење и носење на одлуки ќе допринесат за нормализирање на тешката состојба во која што се наоѓа Република Македонија предизвикана од Ковид-19 кризата.

Како одоговорни пратеници и конструктивна опозиција наша обврска и задача е да нудиме издржани и квалитетни закони и мерки и да реагираме сооодветни бидејќи целата македонска јавност е сведок дека Владата на СДСМ и здраствените власти немаат капаците да се справат со овој голем проблем.

Апелираме до пратениците од владеачкото мнозинство да не поддржат во оваа иницијатива и наместо партискиот интерес, во преден план да го стават интересот на граѓаните односно здравјето на целокупното население во Република Македонија.„

Треба да знаете
Последни објави