Search

Oпожарена куќа ноќеска во населба Драчево

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје ноќеска интервенирала на пожар кој избувнал во куќа лепенка на улицата „Стари Новаќиња” во населбата Драчево.

Опожарени биле околу 40 метри квадратни, а е причинета материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил пријавен во 02.05 часот, а гаснењето траело до 04:05 часот. На терен биле испратени 13 пожарникари со пет противпожарни возила.

Треба да знаете
Последни објави