Search

Oвие предмети не смее да завршат во машината за перење алишта

Ако не сакате машината за перење алишта да ви се расипе за брзо време, треба да бидете многу внимателни пред да го стиснете копчето „старт“.

 

За да заштедите нерви и пари за поправка, проверете ги џебовите пред да ја ставите облеката во машината за перење.

Ако за време на циклусот на перење металните парички поминат низ филтерот, може да завршат во одводната пумпа и да ги уништат крилцата на одводот. Исто така може да се заглават во одводната цевка и да го блокираат исфрлањето вода од машината, а во ретки случаи и да го оштетат стаклото на вратата.

Клучевите никако не би смеело да завршат во машината за перење алишта, затоа добро проверете ги џебовите пред да ги ставите фармерките или јакната за перење. Клучевите може да ја изгребат внатрешноста на машината, да го оштетат барабанот или стаклениот дел на вратата.

Меѓу работите што може да ја оштетат вашата машина за перење е и жицата од градник. Жицата покрај тоа што може да ја дупне гумата околу барабанот, може да ги оштети и другите алишта за време на перењето.

Треба да знаете
Последни објави