January 25, 2022 05:54
Македонија

Oсмани контра Димитров: Со Бугарија имаме нов политички моментум, нефер е истиот да се загрозува

Ги повикувам јавно сите колеги, сегашни и поранешни, да покажеме доблест и фер однос едни кон други, да го задржиме нивото и довербата кои долги години и меѓусебно ги градевме, напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како реакција на денешната изјава на Никола Димитров кој рече дека нема доверба во министерот зошто тој сака спорот со Бугарија да го реши по секоја цена.

„Моите лични позиции, како министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваме, и тоа: и кога заеднички ги градевме државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создававме Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараме за надминување на разликите со нашите соседи“, се наведува во реакцијата на Османи.

Тој, сепак, нагласува дека пред Македонија и Бугарија е еден нов политички моментум, создаден преку новите мандати на Владите во двете земји.

„Граѓаните очекуваат од нас да ја искористиме оваа нова политичка иницијатива за да ја зајакнеме довербата меѓу двете Влади и меѓу двете држави. За оваа и јас лично, но и Министерството за надворешни работи, е во постојана комуникација и со Работната група во Владата и со актуелниот премиер, а консултации правиме и со новиот мандатар кој очекуваме наскоро да ја преземе функцијата.

Резултат на оваа активност е веќе договорената посета на високата владина делегација предводена од премиерот Петков на Скопје на 18 февруари, а во постојана комуникација со нашите колеги од Бугарија, веќе работиме да постигнеме согласност за одржување и на заедничка седница на двете Влади само една недела подоцна, или на 25 февруари“, соопшти Османи додавајќи дека од успехот на овие посети ќе зависи и насоката и силината на новиот моментум во односите меѓу двете земји.

Тој нагласи и дека сите активности кои го загрозуваат овој успех ги смета за непродуктивни и нефер.

Поврзани вести

Починале 22 лица, 718 нови случаи на Ковид-19

Igor

Миле Јанакиески со патерици и полициско возило спроведен во суд

Igor

Божиновски за „Плацови на Водно“: На Груевски никогаш не сум му дал пари во кеш

Igor

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

animes online Tokyo Ghoul

Attack on Titan Episode 24

gogoanimehub JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

Kiss x Sis (TV) Episode 3

Naruto (Dub) Episode 212