Во услови кога општина Ѓорче Петров е задолжена со наследени долгови и зголемени дополнителни трошоци за електрична енергија, апсурден е владиниот предлог за покривање 20 проценти од страна на локалната самоуправа, а во насока на решавање на проблемот со парното греење во Скопје.
Поради тоа што Владата и дава концесија на БЕГ, сметаме дека централната власт треба да преземе одговорност и целосно да ги покрие трошоците на наведената компанија, без учество на локалната власт или Градот Скопје. Како и во другите влади на ниво на Европа, Владата итно треба да преземе одговорност за енергетската криза. Неопходно е да донесе план за помош на општините за време на вакви состојби, а со тоа и намалување на штетните последици по граѓаните. Финансиската можност на општина Ѓорче Петров и скромниот буџет се ограничени. Токму затоа, можностите за делување во вакви ситуации треба да ги преземе централната, а не локалната власт.
Во оваа насока, истакнуваме дека се додеказначително не се зголемипроцентотнадотацијатаодданокнадодаденавредност и персоналниотданокнадоход, ограничениќебидатможноститенаопштините за интервенции во вакви или слични ситуации.