November 16, 2019 01:08
Скопје

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

По повод протестите на месното население кои живеат во непосредна близина на Центарот за зависници во Кисела Вода, а кои деновиве повторно стануваат актуелни. Ве известуваме дека утре на 19.06.2019 во 07:00 часот ќе се организира уште еден обид јавноста да добие вистинска слика за сериозноста на проблемот со кој тие секојдневно се соочуваат. На овој настан покрај медиумите ќе бидат поканети и сите невладини организации и други институции кои секојдневно го насочуваат својот интерес кон овие теми.

Градоначалникот на Општна Кисела Вода Филип Темелковски заедно со членовите на советот на општината ќе присуствува на средбата со цел да ја изрази својата подршка за што поскоро решавање на овој веке три децении акутен проблем. Градоначалникот Темелковски е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот и е подготвен да даде максимално учество за конечно наоѓање на трајното решение кое и на самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитет, прием и потребна нега.

Нови вести

Град Скопје: Подготвени сме за зимското одржување на улиците, обезбедени се 6.000 тони сол

Filip

Општина Карпош ќе финансира во поздрава животна средина

Filip

Богдановиќ: Претходно граѓаните реагираа зошто не ги менуваме црешите, сега се бунат зошто го правиме тоа

Igor