October 21, 2021 18:33
Скопје

Oколу 380 згради имаат проблеми пред почетокот на грејната сезона, предупредуваат од БЕГ

Балкан Енерџи ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

-Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12оС според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Токму поради тоа, во овој период во тек се редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност со цел да се обезбеди сигурно и квалитетна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи по почетокот на грејната сезона. Во моментов во околу 378 колективни станбени објекти сè уште не се обезбедени бараните услови, односно имаат дефекти во внатрешна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици, велат од БЕГ.

Снабдување со топлина Балкан Енерџи веќе испрати писма до сите потрошувачи, Заедници на станари, односно до компаниите кои управуваат со станбените единици за нивните обврски во однос на непречениот почеток на грејната сезона.

-Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија. За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи  на БЕГ Снабдување. Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), велат од компанијата.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

 

AnimeFLV: B'T X anime episode 25 online free at https://animeflv.uk anime sites

ANIMEFLIX: Pokemon Gotta Dance (Dub) anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix aot

Animepahe: Detective Conan Movie 23: The Fist of Blue Sapphire (Dub) anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime stream

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

Comicvine gamespot: https://comicvine.gamespot.com/profile/animefreakws/about-me/

Wakelet: https://wakelet.com/@animeflixnl