August 15, 2022 18:43
Македонија

Oдбиени четири амандмани за ребалансот на Буџетот поднесени од ВМРО-ДПМНЕ

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани.

Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани.

Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на енергетско ефикасни фасади за станбените згради за колективно домување, за поставување соларни системи на домаќинствата, како и за поставување фотоволтаици за домаќинствата.

Од мнозинството беше одбиен и амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од милион денари за зголемување на исплатата на надоместоците на активниот воен и цивилниот персонал што се регулирани во правилникот за начинот на исплата на надоместоци за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба итн.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа и на вчерашниот амандман на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Тие побараа од мнозинството уште еднаш да размислат за покачување на платите во јавниот сектор.

Исто така, во текот на расправата пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ го наметна прашањето и за парламентарните избори, односно побара од власта да се согласи за предвремени избори.

– Имате две опции – или да го одврзете ќесето од Буџетот и да дадете пари на граѓаните, да почнете да работите свесно, совесно, без криминал и рекет и парите од граѓаните да одат назад кај граѓаните или другата опција што од срце ја предлагам е да се сложите да имаме предвремени парламентарни избори бидејќи вие досега покажавте дека не знаете, умеете и не се снаоѓате во работата што ја имате, рече Стаменковска-Трајковска.

Пратеникот Коле Чаракчиев од редовите на СДСМ, пак, во реплика нагласи оти е горд што обезбедиле 18 илајди денари за најзагрозената категорија на работоспособната сила.

Расправата по амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот ќе продолжи во 15 часот.

Имено, вчера најмногу дебата предизвика амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот на буџетот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

sunwin

sunwin club sunwin sunwin web

tải sunwin tải sunwin apk game bài sunwin

game bài sunwin sunwin web sunwin web

game sunwin